Албански државјанин е уапсен на Крит поради сомнение дека по расправија ѝ пукал во главата на својата партнерка (29), родум од Романија.

Албанец (39) на 16 февруари во Ираклион пред зори ја убил младата Џианина, а потоа повикал полиција за да се предаде. Соседите велат дека слушнале истрел по врисоци, објави Политико.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот ја затекнале Џианина во локва крв и лекарите само на лице место можеле да констатираат смрт. Во една од собите бил пронајден пиштол во кој имало уште три куршуми.

Медиумите пишуваат дека осомничениот Албанец бил толку пијан што не можел ниту да стои, па тоа утро не можеле ниту да го сослушаат. Тој постојано ѝ повторувал на полицијата дека случајно ја убил Џианина и дека ѝ го ставил пиштолот на глава само за да ја исплаши.

“Пиштолот беше заглавен. Тоа го направив од забава”, рекол осомничениот.

Џианина, која пријателите ја нарекувале Нина, живеела во Грција последните десет години и работела во продавница во Ираклион. Оние кои ја познавале велат дека имала тежок живот, дека пред само неколку месеци го изгубила бебето, по што врската пропаднала.

Посочуваат и дека Нина многу се повлекла во себе откако почнала да излегува со Албанецот, кој сега е осомничен за нејзиното убиство.

Соседите велат дека од станот на Нина сѐ почесто се слушале кавги, а дека Албанецот и претходно бил апсен за поседување наркотици и други кривични дела.