Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ им го честиташе празникот на своите следбеници на Инстаграм. Ана Ивановиќ, која моментално е во блажена состојба, сподели фотографија со корпа со јајца, со порака: „Среќен Велигден“.

Многумина забележале дека Ана не ги бојадисала јајцата, туку ги ставила во плетена корпа со трева и цвеќиња.

Инаку, Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, фудбалерот Бастијан Швајнштагер го очекуваат своето трето дете. Тие веќе имаат два сина, а полот на третото дете се уште не го откриле.