Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ ја сподели радосната вест на својот Инстаграм профил.

Имено, Анастасија неодамна го положила за возачка дозвола, а сега за прв пат седна зад воланот и тоа го овековечи со фотографија за Инстаграм „стори“.

– Конечно во мојот автомобил. Новопечен возач – напиша таа задоволно насмеана на фотографијата.

Инаку, Анастасија неодамна зборуваше за раскинувањето со своето момче Ѓорѓе Куљиќ со кој беше во врска 5 години.

– Навистина мислам дека не останав недоречена, бидејќи кажав се за таа приказна таква каква што е, иако се очекува да биде многу побомбастична и подраматична. Немаше страдање. Ние сме возрасни луѓе, цивилизирано се разделивме и продолживме понатаму, секој на свој начин – истакна Анастасија и додаде дека Ѓорѓе не ја разочарал и повредил:

– Не, никогаш. Тој е прекрасна личност и навистина му посакувам прекрасен живот и иднина од се срце. Секогаш сум отворена за љубов и убави чувства. За мене љубовта е најубавото нешто на светот, истакнала Анастасија за „Стори“.