Мики Секуловски од Велес како единствен машки претставник кој успеа да се пласира во првите шест, а потоа и во суперфиналето на „Ѕвездите на Гранд“, во големото финале го освои второто место, а за официјалниот портал на Гранд ги сподели првите впечатоци по завршувањето на натпреварувањето.

Рокерот од тимот на Цеца Ражнатовиќ откри дали очекувал да догура толку далеку кога се пријавил за шоуто.

– Не го очекував. Бев задоволен и од тоа што стигнав до финалето, но би сакал да им се заблагодарам на сите што гласаа за мене. Презадоволен сум и ви подготвувам нови проекти – рече Секуловски, кој откако стана јасно дека е во трка за победа, едвај ги задржа емоциите на сцената.

– Не очекував да стигнам до суперфиналето, беше стресно и неверојатно, но ја изгурав и последната песна – вели пејачот

Иако постои мислење дека публиката повеќе гласа за изведувачи на фолк музика, успехот на Мики не’ убеди во спротивното, за што зборуваше и талентираниот Македонец.

– Не верував. Се издвојувам од сите затоа што пеам рок и поп и ми беше чудно што луѓето ја прифаќаат музиката што ја слушам и пеам, но во исто време ми е драго што велат дека им се допаѓа сè и тоа што гласаа – искрен е Мики во интервјуто за Гранд.

Мики призна дека му е особено драго затоа што победата остана на неговиот тим.

– Кога останавме тројца не знаев кој ќе победи, но среќен сум за Шејла бидејќи таа е една од најдобрите, ако не и најдобра вокалистка на ова натпреварување, а е од мојот тим – објаснува Секуловски.

На прашањето дали со Цеца разговарале за продолжување на соработката, Мики вели:

– Разговаравме и ќе ја продолжам соработката со неа. Можеби ќе се случи некој дует, ќе бидам многу среќен ако се направи нешто со моето и нејзиното пеење, а ако таа прифати ќе бидам среќен – откри Мики.