Во спектакуларното финале на „Ѕвезда Гранда“ за титулата овосезонски победник се изборија 20 фантастични кандидати, а најдобриот меѓу нив публиката го избра преку СМС гласови.

Иако „Ѕвезде Гранда“ беше најгледаната шоу програма во регионот во текот на целата емитувана сезона, последната вечер ги сруши сите рекорди.

Во последната вечер беа добиени 529.636 гласови, од кои 56.880 беа од Србија, 252.465 од Босна и Херцеговина, 8.243 од Црна Гора, 198.507 од Македонија и 13.541 глас од Хрватска.

Најмногу гласови од публиката доби Шејла Зониќ, која беше прогласена за победничка на 17-та сезона на најпопуларното музичко шоу.

Во финалната вечер Шејла доби 132.047 гласови од публиката, од кои 10.125 од гласачите од Србија, 114.351 од Босна и Херцеговина. Од Црна Гора 2.872 гласа, од Македонија 2.693, додека од Хрватска 2.006 гласа.

Вицешампионската позиција ја зазеде Мики Секуловски од Македонија, кој во финалето доби вкупно 102.103 гласови. За него од Србија гласале 3.738, додека од Босна и Херцеговина 2.082 гласа, од Црна Гора 864, од Македонија 95.231 и од Хрватска 188 гласа.

Третото место го зазеде Андријана Петрушовска, која доби вкупно 71.875 гласови, од кои 2.200 се од Србија, 1.723 од Босна и Херцеговина, 284 од Црна Гора, 67.396 од Македонија и 272 гласа од Хрватска.

Четвртата позиција во големото финале ја зазеде Антонија Черкез со 47.879 гласови. 2.346 гласови дојдоа од Србија, 36.056 од Босна и Херцеговина, 828 од Црна Гора, 1.124 од Македонија и 7.525 од Хрватска.

Мелиса Зијадиќ гордо го освои петтото место во „Ѕвезда Гранда“ со 31.955 гласови. Таа доби 1.315 гласови од Србија, 1.739 од Босна и Херцеговина, 178 од Црна Гора, 28.615 од Македонија и 108 од Хрватска.