Анџелина Џоли и нејзиниот син Медокс присуствуваа на гала вечера во Белата куќа во Вашингтон, каде што американскиот претседател Џо Бајден и првата дама беа домаќини на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол и првата дама Ким Кеон Хи по повод 70-годишнината од САД и Корејскиот сојуз.
Азиско-американските односи се многу важни за семејството на актерката. Децата и таа со години имаат блиски врски со Азија, вклучувајќи ја и Јужна Кореја. Меѓу другото, Медокс го избра Универзитетот Јонсеи во Сеул за да оди на студии, за што и двајцата беа почестени со покана за вечера.
Мајката и синот на свечената вечера пристигнаа држејќи се за раце, а актерката блесна во винтиџ сако од модната куќа Шанел, под кое носеше лелеав бел фустан со V деколте.
Долгиот фустан налик на венчаница е сошиен по нарачка за актерката пред неколку години. Украсен е со набори и исечок на ногата и ефикасен детаљ на струкот, а актерката го спои со златни потпетици.
Изгледот го комплетираше со бисерно ланче во златна боја и соодветни висечки обетки, а во раката имаше златна чанта. Косата ја пуштила и обликувала во бранови.