СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

Анита се огласи за првпат и опиша како се чувствувала пред да почне да губи свест

Американката Анита Алварез, која пред два дена за малку ќе се удавеше на базенот во Будимпешта за време на натпреварувањето во синхронизирано пливање на Светското првенство, денеска изјави дека е подготвена да се врати во базенот.

Алварез се онесвести и заврши на дното од базенот, а животот ѝ го спаси тренерката Андреа Фуентес.

– Здрава сум и се чувствувам добро. Благодарна сум за сите пораки за поддршка и се надевам дека ќе продолжам да бидам со мојот тим. Дали ќе бидам во вода или покрај базен, ќе одлучам заедно со медицинскиот персонал, но во секој случај имаме работа која треба да ја завршиме“, изјави Анита Алварез.

Американката опишала како се чувствувала пред да почне да губи свест.

– На крајот знам дека престанав да ја чувствувам раката, но мислев дека ќе дадам се од себе за да завршам. После тоа само се сеќавам дека почнав да тонам и помислив дека не се чувствувам баш најдобро. И тоа е буквално последното нешто на кое се сеќавам, изјави натпреварувачката од САД.