Една од најубавите спортистки во светот, американската олимпијка Лоло Џонс (40) ја шокираше јавноста со признанието дека никогаш во животот не водела љубов.

Џонс открила дека причината била тоа што сакала како девица да влезе во бракот.

„Се обидов со луѓе од различни општествени сфери, дури и со колеги спортисти, но секогаш ќе следуваше раскинување и ќе ми се скрши срцето. Решена сум да имам секс за прв пат само кога ќе се омажам, но не можам да го најдам вистинскиот човек“, изјави неодамна очајната Лоло.

Јавното признание не ѝ помогна. Згодната Американка откри дека поради оваа изјава сега ѝ е уште потешко да најде момче.

„Тоа беше грешка. Ми ги уби сите состаноци после тоа. Немав шанси. Претходно имав барем малку, искрена е Џонс.

Лоло е една од ретките спортисту кои ги претставуваа Соединетите Американски Држави и на Летните и на Зимските олимписки игри. Таа трчаше на 100 метри со пречки во Пекинг и Лондон, а учествуваше и на натпреварот во боб во Сочи.

Инаку, пред неколку дена видно расплаканата Лоло преку видео објасни дека сака семејство. Откако наполни 40 години, спортистката реши да ги преземе работите во свои раце и да ги започне првите чекори во процесот на ИВФ, кои вклучуваат замрзнување на јајце клетките.