Канаѓанката Сара Бjудет (23) користи Tinder за да запознае нови партнери. Но, таа го користи и за „хумани“ цели – на него наоѓа оженети мажи, и им ги пријавува на нивните сопруги.

Иако многумина, како модели на Onlyfans, ја сметаат за девојка со лесен морал, таа вели дека не може да ја разбере измамата и не ја поддржува. Досега успеала да разоткрие пет мажи, а верува дека ќе успее уште повеќе.

Сара ги откри своите мотиви:

– Се згрозувам од нивното однесување! Не разбирам како можат да бидат толку бесчувствителни кон партнерките, изјавила Сара.

Поради ова таа наиде на различни коментари. Додека некои ја фалат, други имаат прилично остри критики.

– Често ме нарекуваат лицемер, бидејќи голем број мои следбеници и претплатници на Onlyfans се во брак. Според мене, да фантазираш за некои од интернет, кои никогаш нема да ги сретнеш и преминеш таа граница, не е исто што и активно да бараш личност со која ќе го изневериш партнерот, вели Сара.

Таа изрази страв и за здравјето на другите жени: – Многу сексуално преносливи болести се асимптоматски, а жените не можат лесно да ги откријат. Тие можат да имаат разорни ефекти врз репродуктивните органи, па дури и да останат стерилни, објасни таа.

Сара посочува и дека многу жени и се заблагодариле, а наведува и ситуација која и била посебно одвратна:

– Еден од мажите кои ме контактираа имаше сопруга инвалид. Тоа беше особено тажно и страшно за мене, изјави таа.

Исто така, Сара вели дека ги советувала сите жени да не разговараат веднаш со своите сопрузи, туку да бидат мудри:

– Ги терам да останат смирени и прво да се консултираат со адвокат, за да земат колку што можат од овие измамници по разводот, открива Сара.

📷