Во Германија вчера се случина трагедија, кога од повредите, најверојатно со нож, почина граѓанин на косовската општина Скендерај, јавуваат медиумите.
Извори од семејството на починатиот преку социјалните мрежи ја информираа јавноста која е жртвата. 44-годишниот Б.Н. животот го загубил од убодна рана што ја добил, од како што наведуваат медиумите, неговиот зет кој го нападнал од зад грб, пишува „kossev.info“.
Како што се дознава, оштетениот отишол во куќата на неговата сестра кога зетот го нападнал со нож нанесувајќи му смртоносни рани.
Медиумите дознаваат дека жртвата е од село Кострец, општина Скендерај, додека напаѓачот е од селото Клина во истата општина.