Поранешниот фудбалер на најтрофејниот македонски клуб Вардар, Џонатан Боарето–Балотели по пауза од седум години се враќа во нашата земја и во следниот период ќе го носи дресот на Македонија Ѓорче Петров.
Балотели во Македонија ЃП доаѓа од Малезија, каде го носеше дресот на Кедах Дарул и е трето засилување во зимскиот преоден рок по По Жилберто и Давид Родригез Лопез.