Локалните српски медиуми повикувајќи се на извори од истрагата и затворот каде што се наоѓа водачот на најопасниот криминален клан на Балканот, Вељко Беливук познат како Веља Невоља, тој по цел ден во затворот повторувал само една реченица.

Според пишувањата на еден дневен весник, Беливук го обземала параноја и станал параноичен, поради што по цел ден, како што пишува весникот, „драмел“ зад решетките.

– Сакаат да ме отрујат, повторува Беливук, а медиумите пренесуваат и додаваат дека Веља се плаши од одмазда која би му ја приредиле ривалските кланови, поради што ги тера цимерите прво тие да ја пробаат храната.