Туна произведена од „Рио Маре“, од пакување од по 80 грама во маслиново масло, итно е повлечена од полиците во Хрватска.

Хрватското Министерство за земјоделство поништи одредена серија туна „Рио Маре“, број ЛОТ L21127, датум на истекување 31.12.2025 година.

Производот содржи можни парчиња метал, изјави увозникот и дистрибутер Орбико д.о.о. од Загреб, за хрватските медиуми објаснувајќи дека тоа е само серија со горенаведените ознаки.

Производот, како што се наведува во известувањето, не е во согласност со Уредбата 178/2002 за утврдување на општите начела и услови во Законот за храна, основањето на Европска агенција за сигурност на храната како и заутврдување постапки во областа на безбедност на храната.