Јелена Карлеуша изненади и шокира многумина со провокативните фотографии објавени на нејзиниот инстаграм-профил и тоа на Велипеток, со кои испрати силна порака, која многумина поттикна на размислување.

Популарната пејачка објави провокативни фотографии на кои позира во минијатурни розови бикини, додека на главата има огромна маска од зајак.

Пејачката го сврте грбот кон камерата и, покрај атрибутите, покажа зошто многумина велат дека нема конкуренција кога е изгледот во прашање. Освен провокативните кадри, Јелена сподели и порака за Велигден.

– Овој Велигден покажете милост кон животните, особено ако самите тврдите дека сте верници, дека сте добри луѓе и дека ги сакате животните! Во името на Господ, во кого верувате, ништо не смее да се убие, порача Јелена.

📷