Бојан Јовановски-Боки 13 во подкастот „Лазаров“ кажа дека во 2019 година, изборите биле сомнителни и со нефер кампања. Посочи дека Зоран Милески-Кичеец организирал група луѓе од Охрид, во договор со Зоран Заев за гласање. Посочи дека има материјален доказ.

„Пендаровски на минатите избори победи со сомнителни избори и едвај во 2019 година, сум бил сведок. Имало лобирање гласање и нефер кампања. Ако Кичеец ти организира да гласаат одредена група на луѓе, како што Зоран Заев и Кичеец договараа за претседателските избори во 2019 година, за некоја група Еѓипјани во Охрид, за што имам материјален доказ – што ти говори тоа? Тоа се се ама не се фер избори. На мускули победи Пендаровски“, рече Јовановски-Боки 13.

Бојан Јовановски-Боки 13 во подкастот „Лазаров“ зборуваше и за Зоран Заев. Посочи дека Заев има удел во бегстовто на Груевски.

„Најголемата животна грешка ми е што поклонов верба во човек кој што сите ги искористи и фрли. Тој ја фрли цела негова поставка од луѓе“, рече Бојан Јовановски-Боки 13 за експремиерот Зоран Заев во подкастот „Лазаров“. Посочи дека од „Шарена револуција“ почнал рекетот во Македонија.

„Шарена Револуција од овој аспект сметам дека беше политички инструмент. Покрај алатка за да стигне до власт, тука е почнат рекетот во Македонија. Тука е почнато да се рекетираат луѓе и бизнисмени кои ги имаше на тие снимени разговори. На покојниот Силјан Мицевски му се земени 800 илјади евра. Јас ги знам посредно, непосредно работите, за кои можам да посведочам. За се што зборувам во дадени ситуации сум материјализиран во смисла на материјални докази. Ако се спои целиот мозаик, ќе видите дека ништо не зборувам само така. Рекетирани се цела плејада на лица. После е Кирацовски, кој и мене ме спои со Силјан Мицевски. Кирацовски му се јавил бидејќи биле сограѓани со Силјан Мицевски и му кажал дека за да не му бидат објавени тие снимени разговори дека овој другиов ќе го чека во Струмица. Тие викаат дека тоа е за помош на партијат. А тоа било повише личен интерес. Потоа, брат му станува главен. Јас останувам во некакви комбинаторики со нив. Тие комуницираа со обвинетите во СЈО“, рече Јовановски.

Јовановски посочи дека Заев има удел во бегството на Груевски.

„Што мислите Никола Груевски, така избега? Најдобро е да го прашате Зоран Заев. Онаа несреќна Вилма Русковска водеше постапка за бегството на Никола Груевски. И што откри? Зоран Заев има удел во бегството на Никола Груевски. Зоран Заев беше сериозен тровец-поединец. Прво јас му верував многу – неговата простодушност, неговиот шарм, наводната доброта, ми даваше чувство на сигурност. Јас го познавам пред да стане премиер и после откако стана премиер. Неговите апетити пораснаа многу повеќе“, додаде Јовановски.