Огромна трагедија го потресе утрово Охрид и ракометна Македонија. Под засега непознати околности, кои во моментов се истражувани од охридската полиција, животот го загуби голманот на РК Охрид и македонски репрезентативец 24-годишниот Никола Даниловски.
Безживотното тело на младиот спортист е пронајдено денеска во водите на Охридското Езеро, а како што информираат од охридската полиција, на телото немало траги од насилство.
Меѓу оние кои испратија последен поздрав за талентираниот голман е и легендарниот министер за одбрана во македонската ракометна репрезентација и голман на Вардар, Борко Ристовски.
„Жално… Уште еден општествен пораз!! Добро дете… уште подобар голман. Најди го мирот некаде кога тука не можеше“– напиша Борко Ристовски на Инстаграм.