Поранешниот српски фудбалер Матеја Кежман, кој во текот на својата кариера меѓу другото ги бранеше и боите на ПСВ, Челзи, Атлетико Мадрид, Фенербахче и ПСЖ, синоќа повторно ја шокираше јавноста со својот изглед.

Откако пред извесно време јавноста го видео со долга коса и уште подолга брада, сега поранешниот напаѓач тотално го промени имиџот.

Еве како изгледаше Кежман

Имено, Кежман вчера вечер во улога на аналитичар го коментираше финалето од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Челзи на ТВ Арена, а имиџот со кој се појави беше целосно различен од оној кој јавноста го знаеше од пред неколку месеци.

Еве како изгледаше Кежман вчера (1)

За што точно зборуваме, погледнете на фотографиите.

Еве како изгледаше Кежман вчера (2)