„Ова е вистинско божиќно чудо“, се вели во соопштението на неговото семејство.
Англискиот фудбалер Дени Хоџсон по шест месеци успеа да се разбуди од кома.
26-годишникот беше нападнат пред половина година во Перт (Австралија), каде што живее и игра фудбал.
Поранешниот фудбалер на Карлсли речиси целата своја кариера ја мина во Австралија, а пред половина година едвај го преживеа нападот.
Тинејџерот кој го нападна Хоџсон подоцна го признал делото во полиција, но неговото име не е објавено бидејќи е малолетник. Откако бил удрен од напаѓачот, Хоџсон ја удрил главата во бетонот, по што се здобил со внатрешно крварење во мозокот.
Само брзото пристигнување на брзата помош му го спасило животот, а сега тој се разбудил од кома во пресрет на католички Божиќ и дури добил дозвола да го помине празникот со најблиските.
Судењето на напаѓачот не е завршено и наскоро ќе следи ново рочиште.
📷
📷