Двајца браќа, Иван и НИкола Тасеви, сопственици на куќа во Штип веќе цел месец спијат кај роднини и пријатели, бидејќи неможат да си влезат дома. На нив соседот со кого во спор се подолг период куќата им ја заградил со ѕидови.
Спорот меѓу двете семејства е децениски и за сето време тие никако не успеале да се договорат, а недоречени останале и институциите.
Од општина Штип се запознати со случајот и за него велат:
Случајот ни е познат, но тој не е во надлежност на Одделението за урбанизам при ЛС Штип. Странките кои се чувствуваат оштетени своето право можат да го остварат по судски пат преку Право на службеност за нужен премин преку туѓ имот. Инаку, на предметната локација согласно ДУП предвидена е изградба на катна гаража, изјави раководителот Лазар Хаџи – Николов.
ТВ Стар денес се обиде да стапи во контакт со соседот на Тасевски, но сите приоди беа заклучени. Во куќата немаше никој, а телефонски контакт немавме можност да оствариме.
Каков епилог ќе има овој бизарен случај е неизвесно, но доколку Иван и Никола и поведат судска постапка веднаш, тоа би траело долго, а тие во својот дом никако неможат да влезат. Што во меѓувреме, е крајно неизвесно, но случајот е парадоксален и потребно е итно решение.