Спортот во Србија овој четврток остана завиен во црно со веста дека се самоуби поранешниот голман на наарпската репрезентација, Партизан и многу други клубови, Радиша Илиќ, а сега се појавија информации кои можеби стојат зад оваа трагедија.
Заднината на самоубиството ја открива „Информер“, кој наведува дека несреќниот Радиша зад себе имал неколку многу тешки години.
– Илиќ во последните неколку години живеел во родната Бајина Башта со својата мајка. Пред четири години го загуби братот што длабоко го потресе. Неофицијално се слуша дека се развел пред некое време. Неговата поранешна сопруга и ќерка живеат во Белград. Пред смртта на неговиот брат, тој го загубил и својот татко, а овие трагедии оставиле длабока трага врз него, се вели во текстот на споменатиот портал.