Ѓорѓе Ѓоковиќ стана татко, а неговото семејство знае како да го прослави тоа. Најмладиот од тројцата браќа и неговата сопруга Сашка Веселинов добија син и го крстија Александар. Затоа Ѓоковиќ организираа прослава, а Новак ретко можеше да се види толку весел бидејќи стана вујко.
Деталите од прославата ги споделија неговите пријатели и гости, а за музиката беше задолжена Марија Микиќ, а таму беше и Александра Пријовиќ.
Djokovic family celebrations for baby Aleksandar were in great form 🙌🏼
Novak singing/dancing front and centre as per usual 😂
While the whole world tries to bring him and his family down, they just focus on themselves and their happiness 💙 pic.twitter.com/WewHCRqF7B
— Ana (@_anatc0) March 23, 2023
Марија Микиќ во поодмината бременост ја вжешти атмосферата, додека Новак со искината кошула пееше, ги гушкаше браќата и даваше ритам. Подоцна се фатил за микрофонот додека свирела познатата песна „Кажи ми за се“ од Милан Топаловиќ Топалко.
Новак и Марко во еден момент го носеа Ѓорѓе на раменици и по обичај му ја искинаа кошулата како нов родител.
The Djoko bros celebrating baby Aleksandar 😍💙 #djokovic
Thank you @xarlygomez for sharing on IG 🙏🏻
📸: https://t.co/tgGqyya9ap pic.twitter.com/Ix6crQUWS8
— Julie 🇫🇷🇬🇧 (@NDjokofan) March 22, 2023
Кога ќе го погледнете целиот сплет на околности и фактот дека Новак не доби дозвола за влез во САД, можеби му е подобро вака, бидејќи доби шанса да биде со својот брат во еден од најубавите моменти. на неговиот живот.
Да добиеше можност да замине во САД, сега ќе се натпреваруваше на Мастерсот во Мајами кој оваа недела на Флорида се игра без Ѓоковиќ.