Ајла Беговиќ, поранешна пејачка во јавноста позната како Дуња Илиќ, двлезе во конфликт со колегата Милан Станковиќ и му упати цела низа обвинувања, но и брутални навреди. Имено, пејачката без влакна на јазикот откри бизарни детали од животот на пејачот Станковиќ.

– Доколку ви треба некаква информација за Милан Станковиќ, имам докази дека тој „развлекува“ малолетници во својот стан. Можам многу од него да заработам, но ликот е грозен и може да оди во секој манастир, но одвратен е! – тврди пејачката.

– Наказа, „развлекува“ малолетници бидејќи физички сигурно никого не би привлекол. Десет дена не се бања, а устата му смрди на метар, тврди револтираната Дуња.

Да потсетиме, Милан Станковиќ се повлече од јавната сцена во екот на својата популарност, а во фокусот на медиумскиот интерес е откако се дозна дека пејачот се повеќе време поминува во манастири.

Станковиќ јавно не одговари на прозивките на Илиќ, бидејќи е познато дека приватниот живот го држи подалеку од очите на јавноста откако „се изгоре“ во врската со пејачката Рада Манојловиќ, за која медиумите на големо пишуваат со години.

Што точно ја поттикнало Илиќ на ваков потег и зошто конкретно го таргетирала Станковиќ, останува да се дознае.