Пејачката Селма Бајрами деновиве предизвика реакции поради нејзиниот настап на кој на албански јазик ја отпеа песната „Вале Косоваре“. За време на изведбата на оваа песна таа со рацете го покажа и препознатливиот знак на „Голема Албанија“, што често се толкува како провокација.

Пејачката била изненадена од големата фама која настана поради нејзиниот настап, а во еден момент проба да се извади и изјавила дека е Босанка од Косово. Но, дали е тоа навистина така?

Селма Бајрами е поп фолк пејачка од Босна и Херцеговина. Родена е на 4 јули 1980 година во Тузла.

Како што кажа и самата, нејзиниот дедо живеел на Косово, а бидејќи самата пејачка нема врска со тоа место, можеме да заклучиме дека Селма е само Босанка.