“Излегов во една белградска кафеана со колешка да се забавувам. Меѓутоа, кога мојот сопруг дојде на крајот од забавата, обезбедувањето не нападна”, вели докторката С.Д., жената која се здобила со страшни повреди, исто како и нејзиниот сопруг.

Како што објасни таа за „Блиц“, целата вечер поминала мирно. Таа и нејзината колешка немале никакви проблеми и си поминувале нормално, а потоа при крајот на забавата настанал хаос.

– Кон крајот на забавата, мојот сопруг – кој е професионален ММА борец – дојде со колега да не однесе дома. Беше пијан, го замолив да ме придружува до тоалет бидејќи веќе имаше многу пијани луѓе. Кога тргнувавме, моравме да поминеме покрај влезот и тогаш обезбедувањето ме удри одзади – ја започнува својата болна исповед С.Д.

„20 луѓе му газеа на глава“

Соговорничката објасни дека нејзиниот сопруг реагирал откако обезбедувањето ја удрило, а потоа следело брутално насилство.

– Откако ме удрија, мојот сопруг застана и праша што се случува. После тоа нѐ турнаа во чекалната и 20 луѓе прво му газеа по главата, го удираа со раце, стапала и дрвени ногарки за маса, а потоа ме нападнаа и мене.

С.Д објаснила дека во тој момент реагирала една жена која му рекла на обезбедувањето да ги пушти, како и некој да повика полиција.

„Ползев до сопругот за да му ја заштитам главата“

– Во тој момент ползев до мојот сопруг да му ја заштитам главата, бидејќи ќе го убиеја. Потоа ме удираа со дрвени ногарки по лицето и телото – објаснува таа.

Како што дополнително додава, таа и нејзиниот сопруг биле нападнати од обезбедување од „чиста мира“.

– Не нападнаа од чиста мира. Три пати повикавме полиција, а кога дојдоа, обезбедувањето се заклучи во соба и не сакаа да им ја отворат вратата на полицајците, а додека се случуваше тоа чекавме да дојде брзата помош – рече таа.

Жртвата на бруталното претепување за „Блиц“ вели дека е свесна дека сега и е во опасност животот, но оди до крај за да спаси нечиј живот.

„Целото лице ми е распукано и крваво“

– Целото лице ми е испукано и крваво, носот ми е скршен. Мојот сопруг се онесвести четири пати. По прегледот, лекарите констатирале дека се работи за тешки физички повреди, а од моите раце се гледа дека ме удирале со ногарки од масата – завршува С.Д.

Како што дознава „Блиц“, за нападот бил известен и дежурниот обвинител на Третото основно јавно обвинителство, кој и дал наредба полицијата да утврди, да ги земе снимките од камерите, да ги испраша сведоците, како и вработените во објектот. Како што неофицијално дознаваме, полицијата била на терен, но локалот во кој се случил нападот бил целосно затворен, а засега се уште не е познат идентитетот на напаѓачите.

– Претепаните кобниот ден дадоа исказ во полиција, по што во неделата во присуство на адвокат го дополнија исказот и донесоа список на повреди. Обвинителството и дало наредба полицијата да ги собере доказите и сите потребни информации, како и да го утврди идентитетот на сторителите и да го пријави во обвинителството – вели извор на „Блиц“ запознаен со случајот.