На социјалните мрежи почна да се шири информацијата дека еден српски државјанин починал во Украина.
Имено, како што се наведува на социјалните мрежи, станува збор за Стефан Димитријевиќ, припадник на руската армија „Новорусија“.
Дури и српскиот новинар Теша Тешановиќ се збогуваше со Димитријевиќ, тврдејќи дека го познава.
– Стефан Димитријевиќ, еден од подобрите луѓе што ги запознав, загина во борбите на руската страна во војната. Ќе ни недостасуваш, вечна ти слава!, напиша Тешановиќ.