Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека ќе предложи смена на министерот за одбрана Стефан Јанев бидејќи не сакал руската инвазија на Украина да ја нарече војна. Според Ројтерс, тоа доведе до повик за смена.
Петков најави состанок на бугарската влада во понеделник (28-ми февруари), на кој ќе биде предложен нов министер за одбрана.