Француска инфлуенсерка објави фотографија на која се фали како лета во авион во бизнис класа.

“Следната станица – Монако. Летам цела ноќ”, напиша инфлуенсеерката Океан Ел Химер во објавата.

View this post on Instagram

A post shared by Oceane El himer (@oceanelhimer)

Но, интернет детективите наскоро пронајдоа фотографија на друг патник од истиот лет, на која се гледа како Океан седи во економска класа опкружени со бројни патници.

Тие ја препознале по облеката во која позира на нејзината фотографија, белата маичка со долги ракави што и виолетовата тренерка, пишува „NY Post“.

“Често велам дека социјалните медиуми се болест. Луѓето лажат за да привлечат внимание, а други сакаат да направат кариера од тоа”, коментира еден корисник на Твитер.

“Тоа е ментална болест”, “Ова совршено ја опишува денешната култура. Многу луѓе се преправаат дека се богати, модели или претприемачи”, се дел од коментарите.