Телата на 45 починати македонски патници беа донесени со два авиони денеска на Скопскиот аеродром. Во фаталната автобуска несреќа во Бугарија згасна животот на 45 лица, а 7 преживеаја.

Два транспортно-воени авиони слетаа во Скопје со посмртните останки на 45-те трагично загинати патници.

Посмртните останки на 45 наши загинати сограѓани, кои со авиони на бугарската армија пристигнаа на аеродромот во Скопје, беа пречекани од претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата, Зоран Заев, како и од други највисоки претставници на овие, и на други институции и верски организации.

На пречекот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа присуствуваа и членови на нивните семејства.

Во селото Студеничани се одржува погребната церемонија на неколкуте жртви кои ги загубија животите во автобуската трагедија во Бугарија.

Голем број граѓани излегоа да им оддадат последна почит на загинатите.

📷

📷

📷

📷

📷