Целосна и безусловна капитулација потпишале Германците вечерта на 8 мај 1945 година со што официјално завршила Втората светска војна.
Во берлинската населба Карлсхорст тројца претставници на Вермахтот од една и Сојузниците со претставници на СССР, САД, Обединетото Кралство и Франција од друга страна, точно во 21:20 часот го потпишале договорот со кој Германија капитулирала. Договорот бил потпишан на руски, англиски и германски јазик.
Денешниот ден се прославува како Ден на победата во некои европски земји, додека утрешниот, кога договорот стапил во сила, се прославува во Русија и други европски земји.