Синоќа по полноќ почина Видое Ристовиќ (44), српскиот историчар на уметност и животен сопатник на популарната хрватска водителка Николина Пишек, а оваа информација за Ноа.рс ја потврди Николина. Според Нова.рс, Брзата помош констатирала смрт во текот на претходната ноќ.

Николина Пишек ја потврди оваа информација за Нова.рс, но немаше сили да каже нешто повеќе на таа тема.

Ристовиќ беше српски историчар по уметност и сопруг на хрватската водителка и актерка Николина Пишек. Роден е на 25 јули 1978 година во Белград. Од првиот брак ја има ќерката Матеа, а во декември 2014 година Николина и Видоје ја добија ќерката Уна Софија.

Семејството Ристовиќ живеело и работело на релација Белград-Загреб. Двојката се венчаше во септември 2013 година во Монте Карло, а на 2 декември 2014 година добија девојче по име Уна Софија. Видое Ристовиќ завршил основно и средно училиште во Белград, а дипломирал историја на уметност. Потекнува од богато семејство.

Неговиот татко Виктор Ристовиќ, попознат по прекарот Миша Гроф, со децении се занимава со трговија со уметност и антиквитети.

Видоје и Николина првпат се сретнале во Дубровник, па во Црна Гора, а во Белград сфатиле дека има некаква „хемија“ меѓу нив. Врската ја открија во септември 2012 година, кога папараците ги „уловија“ на еден белградски сплав, а една година подоцна се венчаа во Монте Карло.