Познатата пејачка Камила Кабељо (24) уживала со своето момче Шон Мендес на плажа во Мајами, а папараците не ја пропуштиле можноста да ги „уловат“ во костими за капење.
Атрактивната Камила храбро прошетала на плажата во бикини, а фактот дека добила неколку килограми вишок и целулит во карантинот, не ја спречил да го сака своето тело и да има самодоверба.
Камила во минатото веќе зборуваше за притисокот за тоа да се вклопи во сликата на современиот идеал за убавина.
Таа е една од ретките девојки и жени кои се природни и самоуверено уживаат во своето тело.