Фикрет Хаџиќ или попознат како Хаџија отслужи 24-годишна затворска казна за тројното уб иство, и како што вели, „не жали што ги убил оние што брутално го претепале и го избоделе со нож“. Хаџија денеска беше ослободен од затвор откако помина 24 години зад решетки. Информацијата за Klix.ba ја потврди директорот на Казнено-поправниот завод во Зеница, Русмир Исак.
Хаџиќ заврши во затвор откако убил тројца членови на семејството Касумовиќ во Лукавац на 1 мај 2002 година. Според неговите тврдења, тој со години бил малтретиран од тоа семејство. Тој издржуваше казна за тројно убиство. Никогаш претходно не бил осуден, ниту прекршочно. Тој беше осуден на 24 години затвор, од кои 18 години одлежа во КПУ Зеница.
ПРИКАЗНАТА ЗАПОЧНУВА ВО 1997 ГОДИНА
Неговата приказна започнува во 1997 година кога влегува во конфликт со четворица локални момци, од кои тројца биле браќа. Тој тогаш бил сопственик на ресторан во Лукавац, во кој доаѓале тројцата браќа, поради кои, како што вели, другите гости го напуштале објектот.
– Тие беа дрвосечачи, необразовани. Знаете, од оние кога влегуваат во ресторан литар алкохол носат во рака, а на нозете носат „рударки“. Кога ќе се појават, веднаш излегуваат другите покултурни гости, рече Хаџија.
Кога во еден момент видел дека повеќе не може нормално да го води бизнисот, решил да го продаде ресторанот. Го продал во 1997 година со желба да се посвети на нешто друго. Тој вели дека никогаш до тогаш не бил во судир со законот. Сè, како што вели, се сменило во 2001 година, кога, како што нагласива, од чист мир бил пре тепан и прободе н на улица, токму од оние поради кого го продал ресторанот.
Истите кои дојдоа во мојот ресторан и без причина ми ја уништија работата, ме тепаа на улица, ме бодеа и ме клоцаа како вреќа. Одвај преживеав. Во тој момент дојде полицијата и ме спаси. Се слушна ротирачко светло и тие побегнаа. Верував дека судството ќе ги казни за тоа што ми го направија, бидејќи тоа беше обид за убиство. Сите добија кривични пријави, но никој од нив не одговараше пред законот, рече Хаџиќ.
„Кога сфатив дека нема казна за нив, напишав писмо до Врховниот суд во кое барав да бидат казнети барем со 10 конвертабилни марки за тоа што ми го направија. Пишав – или ќе ги казнат 10 марки или ќе ги у бијам. Моите писма изгледа не беа сфатени сериозно, се присетува Хаџија, кој чекал една година за одмазда.
Гледав со двоглед и ги видов сите собрани во продавница, четворицата што ме тепаа мене и уште 17 други луѓе, го облеков палтото, ставив пушка во ракавот на која ги скратив кундакот и цевката и се упатив кон нив, не можеа да избегаат. Иако четвртиот избега, само милиот Господ го спаси, инаку ќе го убиев и него. Викаа – Немој Хаџи, нема повеќе да те допираме. Им реков- Па и нема. Тука ги убив. Ми го упропастија животот, вели Хаџија.
Хаџиќ по судењето прво беше осуден на 21 година затвор за тројно убиство, а потоа судијата поради одредени писма додал уште три години затвор. Тој вели дека би лажел ако каже дека му е жал.
„Немој Хаџи, нема повеќе да те допираме. Им велам – Па и нема. Свесно планирав да се одмаздам. Чекав една година да ги убијам и сега како „демек“ да ми е жал. И му кажав на обвинителот дека тоа е одмазда“, рече еднаш Хаџиќ.

