На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна четврти ден по ред и падна на најниско ниво во речиси една година. Во Македонија средниот курс на доларот вчера изнесуваше 55.9543, односно еден долар се продаваше за 55.9 денари.
Пред само неколку месеци, еден долар во Македонија ја надмина вредноста на едно евро и се продаваше за речиси 62 денари.
Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 100,78 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 101,47 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 133,20 на 132,45 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1.1070 долари, највисоко ниво за една година, додека вчера во овој момент беше 1.0985 долари.
Зајакнувањето на еврото е последица на очекувањата дека Европската централна банка (ЕЦБ) на следната сесија ќе ги зголеми клучните каматни стапки за дополнителни 0,50 процентни поени, со што би се намалила разликата во каматните стапки меѓу САД и еврозоната.
Цените на нафтата, пак, повратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,35 отсто, на 86,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,46 отсто, на 82,55 долари.
Рубини: Статусот на доларот како главна светска резервна валута е загрозен
– Статусот на американскиот долар како главна светска резервна валута е загрозен, напиша познатиот економист Нуриел Рубини, попознат како доктор Пропаст. Тој зборуваше за односот меѓу кинеската и американската валута и „борбата“ чиј резултат може да биде неочекуван.
– Иако ниту една валута се уште не може целосно да го замени доларот на пиедесталот, американската валута брзо ја губи конкурентската предност во однос на кинескиот јуан, рече Рубини.
Денеска, поточно утринава, вредноста на доларот на валутниот пазар паѓа четврти ден по ред и се спушти на најниско ниво за речиси една година.