Фатмир Дехари од ДУИ останува градоначалник на Кичево. Ова го покажуваат првичните неофицијални резултати кои пристигнуваат вечерва.
Фатмир Дехари ја однесе победата со разлика од околу 3.000 гласови пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски.
Во Струга победи кандидатот на ДУИ Рамиз Мерко пред кандидатот на Алијанса на Албанците, Идри Истрефи.