Неверојатна трагедија се случи петокот наутро во пристаништето во регионот Рахес во Фтиотида, каде се удавија две лица, јавуваат грчките медиуми.

Според lamiareport, било околу 10:30 часот кога една жителка на околината која се капела почнала да вика помош бидејќи не можела да се приближи до брегот. Тогаш 50-годишен мештанин скокнал во морето за да 1 помогне, но не успеал и заедно се удавиле.

Всушност, на видеото што го објави Мега наводно се гледа обидот на мажот да ја спаси жената. Во исто време, шокантна е информацијата која дојде во јавноста по трагедијата што се случи.

Имено, 50-годишникот кој скокнал во водата за да спаси жена, но се удавил заедно со неа, имал мрачна тајна од помладите денови. Поточно, кога имал 19 години, во 1991 година, силувал, а потоа убил 17-годишна девојка која ја претепал до смрт со жардиниера по главата. Во тоа време, девојката била во посета на плажата Рахон, каде мажот се удавил вчера.

Приватен брод и патролно возило на крајбрежната стража пристигнале на местото на настанот со цел да го извлечат телото на 50-годишникот, како и телото на жената кои биле пронајдени заедно во водата. Несреќната жена ја изгубила ќерката пред десет години во сообраќајна несреќа, додека пред три дена станала баба.