Си-Ен-Ен на социјалните мрежи објави видео од Русија, на кое камион со рамна платформа има тешки фрлачи Т0С-1 и тие се движат кон украинската граница.
Западот стравува дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да употреби деструктивни аеросолни ракети во војната со Украина.
Имено, на социјалните мрежи се појавија видеа на кои Русија наводно подготвува нов напад врз Украина. Си-Ен-Ен објави на Твитер видео од Русија на кое се гледа тежок фрлач Т0С-1 на камион со рамна платформа како се движи кон украинската граница.
The russian army has deployed the TOS-1 heavy flamethrower which shoots thermobaric rockets, the was South of Belgorod. pic.twitter.com/XCxMI3bNB3
— Frederik Pleitgen (@fpleitgenCNN) February 26, 2022
– Руската армија распореди тежок ракетен фрлач ТОС-1 кој истрелува термобарични ракетим јужно од Белгород – јавува репортерот на Си-Ен-Ен.
ТОС-1 истрелува ракети од 220 мм, а неговиот ракетен систем е релативно со мал дострел, до 5 километри. Минималниот опсег е 400 метри. Може да истрела една или две ракети истовремено за 0,5 секунди. Потребни се 7,5 до 15 секунди за да се испука целиот ракетен фрлач. При ваквото истрелување, ракетите паѓаат на површина од 200х400 метри.
Ова оружје е опремено со модерен систем за управување со исфрлањето. Сите насоки и подготовки испукување се направени во внатрешноста на возилото, така што екипажот не е изложен на непријателски оган. Со него управуваат тројца членови на екипажот – командантот, ловецот и возачот.
Полнењето на цевките за лансирање се врши со помош на возило за полнење направено на база на резервоар Т-72.