Смртта на Маринко Роквиќ ја остави без текст српската, но и балканската јавност, како и неговите многубројни колеги кои со неверување се уште се простуваат од него.
Познатиот пејач имаше 67 години, а почина по тешка борба со ракот на панкреасот, потврди неговото семејство преку официјално соопштение.
Пред него во истата година починаа уште тројца српски музичари – сите на 67 години.
Ѓорѓе Балаѓевиќ и Шабан Шаулиќ починаа во февруари. Балашевиќ почина како последица на корона вирусот, додека Шаулиќ загина во страшна сообраќајна несреќа во Германија.
Миша Алексиќ почина во ноември, исто како и Маринко. И Миша почина поради последиците од корона вирусот.
Маринко и Шабан беа пејачи, Ѓорѓе беше пејач и текстописец, а Миша беше басист на познатата рок група „Рибља чорба“.