Познатиот босански пејач Фатмир Сулејмани, кого блаканската јавност го запозна по настапите во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ се разведе по само една година брак со својата избраничка Емина Бешиќ, јавуваат босанските медиуми.

Како што дознава босански „Експрес“, популарниот пејач Фатмир Сулејмани се разведе.

– Оваа информација во најмала рака не’ шокираше со оглед на тоа што тој и неговата вереница Емина се венчаа пред нешто повеќе од една година, пишуваат медиумите.

Според извор близок на поранешната двојка, Фатмир се иселил од заедничкиот стан во Тузла каде што живееле заедно, а потоа се преселил во Сараево. Емина останала да живее во Тузла, додека Фатмир изнајмил стан во Вогошќа.

Фатмир беше учесник во десеттата сезона (2015/2016) на „Ѕвездите на Гранд“, во финалето го освои второто место, а победата ја однесе неговиот сонародник Ибро Бублин.

Младиот пејач досега има снимено четири синглови, а успешно ги завршува студиите на Музичката академија. Тој во 2017 година ги сними песните – „Срцето километри не брои“ и „Кога душите се среќаваат“, а во 2018 година уште две нови песни – „Срце рането“ и „Две лудила“.

Фатмир вели дека негов пејачки репер е нашиот легендарен Тоше Проески, а засега би сакал да снима дуети со Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ.