Професорот на Медицинскиот факултет доктор Драган Даниловски за „Слободен печат“ објаснува дека „мозочната магла“ што сѐ поголем број пациенти со прележан Ковид-19 пријавуваат дека ја чувствуваат, е невролошки симптом што може да трае и повеќе месеци по поминувањето на болеста.
“Симптомите на мозочна магла се проблеми со меморијата, недостиг на ментална јасност, слаба концентрација, чувство на отсутност, главоболки и конфузија.
Многубројни студии откриле дека некои луѓе што имале Ковид-19 развиваат компликации како што се изменета свест или енцефалопатија. Воспалението во мозокот ја попречува можноста на невроните да комуницираат едни со други.
-Ова може да биде еден од факторите што придонесува за појава на мозочна магла, објаснува Даниловски за „Слободен печат“.