Хана Икодиновиќ, ќерката на музичката ѕвезда Наташа Беквалац и поранешниот ватерполист Данило Дача Икодиновиќ, минатата недела го прослави својот 15-ти роденден.
Таа порасна во вистинска убавица, а на социјалните мрежи се споделува видеото на Хана за кое се инспирирала од сцена од популарната серија „Еуфорија“.
Краткото видео предизвика лавина коментари, а многумина истакнаа дека не ja препознаваат.
Да потсетиме, Наташа јавно и испрати емотивна порака на својата ќерка за нејзиниот роденден.
– Бебо моја прва, најголемата љубов на мајка, среќен ти роденден. Ти си мојот најголем успех, ти си мојата безусловна љубов, ти си мојата поддршка, ти си мој придружник и борец, ти благодарам за 15 години што ми беше водич низ животот, учителка и ти благодарам што сум твоја мајка. Не ни е лесно, но ни е најдобро! Те сака твојата мајка. Горда сум на секој твој чекор. На секој, не заборавај! – напиша Наташа во пораката посветена на Хана.
Поп-пејачката ја доби на 17 март 2007 година од бракот со Данило. Помладата ќерка Катја ја роди 11 години подоцна, во 2018 година, додека беше во брак со Лука Лазукиќ.