Вчера (24.07.2023) во временскиот период од 22.00 до 02.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола, постапено е по план за „Безбедно лето 2023“, при што во објект на ул. “Македонска фаланга” во Битола, затекнати се 73 деца.
Во присуство на нивните родители тие се алкотестирани при што кај 32 деца е утврдено присуство на алкохол при што се предадени на родителите.