Кристина Миленковиќ (25) од Лебане (јужна Србија) загинала вчера утрото во Швајцарија, објавија вечерва белградските медиуми.

Деталите за овој трагичен настан се уште не се познати на јавноста.

На социјалните мрежи жителите на Лебане се збогуваат од загинатата девојка со потресни пораки.

Кристина зад себе ги остави родителите и двајцата браќа, а времето и местото на погребот ќе бидат објавени подоцна.