Ирис Дијаз од Шпанија неодамна посетила доктор откако забележала крв во нејзиното уво. Таа сподели застрашувачко видео на TikTok кое го покажува моментот кога лекарите ја откриле причината за нејзините маки. Имено, во нејзиното уво живееше молец, а притоа не многу мал.
На видеото се гледа како докторот ја прегледува, а по неколку минути и неколку обиди, тој со пинцета го отстранува инсектот додека Ирис вреска од болка.
– Кога бубачка ќе одлучи да живее во твоето уво. Увото ми крвареше и можеа да ги видат само ситните нозе на чудовиштето, напишала Ирис, која живее во Каталонија, шегувајќи се дека ова е голем срам за неа.
Видеото привлече големо внимание кај гледачите, од кои еден изјави дека постојано ќе „живее во страв“ доколку нему му се случи истото.
@irisnovau Los productores de mi vida siempre tienen una planta más para el sótano de mi fracaso #fyp #parati #foryoupage #lentejas #malasuerte ♬ sonido original – iris novau díaz