Жена од Бихаќ со пендрек ги нападнала сопругот и неговата наводна љубовница, кога ги нашла во локален ресторан. На видеото од инцидентот се гледа како постара жена со пендрек влетува во ресторанот.
– Да ти е*ам мајката! Што по ѓаволите сакаш од мојот човек – вика додека напаѓа жена во фустан која ја затекнала со сопругот во ресторан.
Мажот залудно се обидува да ги раздели.
– Да ти е*ам мајката! Тргни се од мене! Ѝ реков дека не смее да дојде во мојата земја – извикува избезумената сопруга.
– Се случува – се обидува да се оправда сопругот.
И останатите гости се обиделе да ја смират, но таа не се откажала од намерата да се пресмета со жената за која мисли дека е љубовница на нејзиниот сопруг.
Како што пишува порталот Црна хроника, инцидентот се случил во ресторан во населбата Рипач на Бихаќ, а таа наводно го позајмила пендрекот од својот син, кој е полицаец.
На крајот од видеото, избезумената сопруга гази и на телефоните.
— Pluton (@Pluton45873221) September 16, 2023