Девојката на Кристијано Роналдо (36), Георгина Родригез (27), објави фотографија во бикини на социјалните мрежи, што натера многуммина да помислат дека е бремена.

По неколку часа, Георгина ја избриша фотографијата од Инстаграм, но истата кружи на социјалните мрежи. На фотографијата, таа е со заоблен стомак, па фановите јасно алудираат на бременост.

Таа позираше во затегнато бикини, а беше фотографирана одозгора, така што нејзиниот стомак беше јасно видлив, што ги поттикна гласините дека убавата манекенка и фудбалерот очекуваат дете.

„Дали е ова скриена порака од одмор?“, „Георгина е бремена?“, „Изгледа дека си бремена?“, „Или јадела добро или е на почетокот на бременоста“, се некои од коментарите.

Роналдо и Георгина имаат четири деца, од кои едно е заедничко. Тоа е девојчето Алана Мартина, додека Роналдо со помош на сурогат мајка го доби синот Кристијано Јуниор и близнаците Ева и Матео.

Двојката ужива на годишен одмор на брегот на Мадеира во близина на Португалија, а заедничките фотографии од папараците покажуваат дека уживаат во семејните моменти.