На социјалните медиуми се продаваат мелеми за изгореници, но не знаеме дали се стерилни, а раните мора да се третираат соодветно, посочи Јасмина Ѓоргиевска Павловска директорка и докторка на Клиниката за пластична хирургија. Таа посочи дека треба да се внимава, посочувајќи дека инфекции може да се појават во секоја фаза додека има рани.
„За инфекции не може никој да каже, тоа може да го има во секоја фаза додека не зарасне раната. Првиот и вториот пик се релативно стабилни и без големи инфекции. Од втор степен изгорениците, се речиси и целосно зараснати. Времето ќе покаже, ќе видиме. Вчера некој ми рече дека има мелени кои се продаваат на социјалните мрежи – не знаеме од кое потекло се, дали се стерилни или не се стерилни. Затоа праќаме групи од доктори, за да пациентите се третираат со стерилни материјали, во стерилни услови, за инфекциите да ги сведеме на минимум“, рече Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорка и докторка на Клиниката за пластична хирургија.
Таа додаде дека во болницата во Кочани има услови за третирање на пациентите, а дека тоа што недостасува од материјали, ќе биде доставено.