Силна експлозија се случила синоќа во возилото во кое се возел претседателот на Стопанската Комора за енергетика на Македонија Ѓорѓи Манасков. Во возилото кое е комплетно изгорено Манасков бил со сопатник, но и двајцата се неповредени, соопштија доцна синоќа од комората. Настанот се случи на автопатот кај обиколницата Визбегово кон Скопје север.

– Експлозија во возилото во кое се возеше претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков со сопатник, кој возеше на автопатот кај обиколницата Визбегово кон Скопје Север. Брзата интервентна полиција која беше во близина и противпожарна екипа веднаш реагираа, но не успеаја да го изгаснат пожарот на возилото „Мерцедес С 200“, црна боја. Возилото целосно изгоре за неполни 3 минути. Патниците се здрави и живи, се вели во објавата на официјалниот Фејсбук – профил на Стопанската комора за енергетика.

Подетални информации за несреќата и која е причината за експлозијата во возилото се очекуваат во текот на денешниот ден.

📸

📸

📸

📸

📸

📸