По речиси сите обработени гласови од страна на ДИК, резултатите покажуваат убедливо водство на Силјановска-Давкова пред Стево Пендаровски со преку 182 илјади гласови.

По општини, Пендаровски има предност само во две општини: Крушево и Маврово и Ростуша. Во Крушево Стево има освоено 2.026 гласа, додека Силјановска Давкова 1.778. Во Маврово Ростуша Пендаровски има 1,091 наспроти 1.036.

Во источниот дел од земјата, на југот од Македонија и во Скопје, целосна доминација на Гордана Силјановска-Давкова. Кандитатката од ВМРО-ДПМНЕ има победи во целиот источен и во јужниот дел на земјата, како и во повеќе скопски општини.