Пред еден месец, познатиот актер Том Хенкс ја понуди неговата „пегла“ на продажба преку аукција на bringatrailer.com, а во меѓувреме овој автомобил доби нов сопственик кој за него издвоил дури 83.500 долари (околу 76.000 евра). Тоа е веројатно најскапо платениот Fiat 126p во историјата.

А сè започна во 2016 година, кога Том Хенкс по малку на шега објави фотографија со Fiat 126p во Будимпешта, каде што престојувал работно. Тоа било доволно за да го привлече вниманието на жителката на Бјелско-Бјала и негова обожавателка, Моника Јасколска.

Познато е дека „пеглата“ е еден од симболите на полската автомобилска индустрија, имајќи предвид дека овој мал автомобил е произведен од полски Fiat, токму во местото каде што живее обожавателката на познатиот актер.

Кога Јасколска го видела Хенкс како се фотографира со „пеглата“ во Унгарија, започнала широка кампања за да го купи и да му го подари автомобилот.

Хенкс бил пресреќен и донирал голема сума на пари во болницата во која работела Јасколска.

📷

Сега Хенкс ги донираше парите од продажбата на истиот тој Fiat 126p за финансирање на хуманитарната кампања Hidden Heroes.