Српските ракометари ја забележаа најважната победа на Европското првенство откако по драмата славеа против германската репрезентација со резултат 30:27, а натпреварот го реши еден детаљ.
Клучниот момент се случи нешто помалку од три минути пред крајот на натпреварот, при резултат 26:25 во корист на Србија.
Се чинеше дека Германците нема да извршат напад, но потоа еден од нивните ракометари сепак успеа да се избори за шут и на крајот да ја затресе мрежата на српскиот гол.
Сепак, голот не му беше признат, а за сè е виновен селекторот на Германија, Алфред Гисласон.
Имено, Гисласон побара тајм-аут буквално во моментот на шутот на неговиот ракометар, а по прегледувањето на снимката беше утврдено дека топката не ја поминала гол-линијата пред неговиот повик за пауза.
На крајот, голот беше поништен, а Србија потоа го казни, го дуплираше водството и конечно оствари една од најголемите победи во поновата историја на ракометот.
Тие останаа во трката за понатамошен пласман, иако беа и аутсајдери во натпреварот против Германија.
Ovo u životu nije viđeno! pic.twitter.com/H5y4pVwEI5
— FantomBeograda (@FantomBeograda) January 17, 2026

